МАКЕДОНСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ

„Прилеп во фокус“ – Музеј во движење на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

На 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, беше претставена изложбата „Прилеп во фокус“ – Музеј во движење, интерактивно патување низ Прилеп низ очите на театарските уметници кои покажале и докажале дека Прилеп е град на театарот.

Посебна благодарност беше упатена до семејствата на Благоја Спиркоски-Џумерко, Благоја Ристески-Платнар и Кирил Ристоски за отстапените фотографии, артефакти и видео материјали, како и до Кинотека на Македонија за отстапените документарни филмови на Платнар.

Изложбата е интерактивна и овозможува на посетителите да се запознаат со историјата и културното значење на Прилеп како театарски град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *