Во рамките на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“, наградата за животно дело беше доделена на актерката Снежана Коневаски-Руси, актерката Сандра Михајлова и актерот Гоце Тодоровски. Овие признанија се доделени за нивниот долгогодишен придонес во македонскиот театар

Снежана Коневски-Руси, по предлог на Македонскиот народен театар, е добитничка на наградата за животно дело. Таа има повеќе од пет децении искуство во театарот, филмот и културата, со 48 театарски улоги, 10 улоги во филмови и серии, и 20 режии. Таа е позната по својата прецизна дикција и посветеност на ликот.

Сандра Михајлова, долгогодишна актерка на Народниот театар во Битола, исто така ја доби наградата за животно дело. Таа се осврна на својата долга и плодна кариера, истакнувајќи дека театарот за неа е „празник на театарската уметност, празник на театарските уметници“.
Гоце Тодоровски, актер со долгогодишно искуство, ја доби наградата за животно дело за својот придонес во македонскиот театар. Тој истакна дека за актерот нема „пензија“ и дека театарот е страст и уметност која го прави среќен.
Овие награди се доделени на свеченото отворање на фестивалот, проследено со долготраен аплауз и силни емоции.

Leave a Reply